Фреската е откриена во ходникот на куќата до која имало пекара, која делумно била ископана во 19 век.
Фреска на која е прикажан можниот предок на италијанската пица е пронајдена на ѕидот на една куќа во Помпеја, соопшти во вторникот италијанското Министерство за култура.
Археолозите претпоставуваат дека рамниот леб, покрај кој на фреската има пехар со вино, можеби бил јаден со овошје како шипинка и урми или дека на него имало зачини и некој вид песто сос, соопшти Министерството.
Иако технички не може да се смета за пица, бидејќи нема класични состојки како домати и моцарела, она што е пронајдено во Помпеја „можеби е далечен роднина на модерното јадење“, се вели во соопштението.
Помпеја, која е уништена во ерупцијата на Везув пред речиси 2 илјади години, се наоѓа на околу 23 километри од Неапол, каде е создадена модерната италијанска пица, која е заштитена од УНЕСКО.

Фреската е откриена во ходникот на куќата до која имало пекара, која делумно била ископана во 19 век.
Ископувањето на тој простор е продолжено во јануари, се вели во соопштението од Министерството за култура.
Локалитетот Помпеја, откриен дури во 16 век, доживеал неодамнешна експлозија на археолошка активност насочена кон враќање на годините на распаѓање и запоставување, главно благодарение на неодамна завршениот проект од 105 милиони евра.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















