Како да се храниме правилно при бременост?

2716

Исхраната во текот на бременоста е од суштинско значење за здравјето на жената и соодветен развој на плодот.

Зголемувањето на телесната тежина на жената за време на бременоста е неизбежно. До крајот на бременоста е нормално да се наддадат 9 – 12 кг. Од гледна точка на здравјето на фетусот и најуспешен излез на бременоста, тоа е оптималната тежина. Наддавањето на помалку од 6 кг или обратно, на многу повеќе, ги крие соодветните ризици од компликации на бременоста, породилниот процес и здравјето на идното дете.

Бременоста ѝ носи зголемени барања кон мајката. Порастот на фетусот настанува за сметка на примените од неа хранливи материи.Дополнителна енергија и градбени елементи се потребни за изградба на плацентата и папочната врвца.

Диетата на бремената жена во првите два квартали треба да вклучува дневно 1800-2200 ккал во зависност од нејзиниот моторен режим. Во третиот квартал се додаваат уште 200 калории дневно.

Земањето на витамини, минерали, протеини се зголемува. Храната треба да содржи доволно количество протеини, зеленчук и овошје. До минимум се сведуваат мастите, препржените јадења и иритирачка храна и зачини. Лутата храна ја стимулира цревната перисталтика и провоцира во матката контракции, поради што таа треба да се избегнува.

Во бременоста треба да имате стремеж за доволна набавка на протеини, бидејќи хроничниот недостиг негативно влијае на централниот нервен систем на фетусот. Количеството кон крајот на бременоста треба да биде 70-80 грама дневно.

Јаглехидратите не смеат да се со повеќе од 300-400 грама, а мастите да не се повеќе од 100 грама.

Потрошувачката на риба треба да е умерена – 1-2 порции неделно. Некои риби (ајкули, риба сабјарка) содржат покачени нивоа на жива и се сметаат за опасни. Во харингата, лососот и скушата се акумулираат супстанции штетни за плодот.

Позитивен ефект врз развојот на централниот нервен систем на идното бебе даваат ореви и семки, месото и јајцата.

Често жените прашуваат дали нивното дете ќе ја сака храната што и тие сакале да ја јадат за време на бременоста. Според последните анкети храната може да го менува вкусот на амнионската течност. Докажано е дека бебето го “памти” овој вкус и последователно му се допаѓа конкретната храна.

За време на овој посебен период за жената старата поговорка “Јади за двајца” не е соодветна. Храната на бремената се оценува по квалитетот, а не по квантитет. Таа задолжително треба да содржи повеќе протеини, витамини, минерали и други корисни материи.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.