СМЕЕЊЕТО има лековито дејство врз вашето СРЦЕ | Еве како

144

Истражувањата покажуваат дека смеењето е добро за вашите крвни садови.

Во последниве години, студиите покажале дека постои силна врска помеѓу емоциите и состојбата на кардиоваскуларниот систем.

Истражувањата покажуваат дека агресијата, лутината, анксиозноста и социјалната изолација доведуваат до поголем ризик од срцевите заболувања.

Спротивно на тоа, веселоста, смеата и смислата за хумор можат да ви помогнат да останете здрави. Истражувањата покажуваат дека смеењето може да го намали нивото на хормонот на стресот, да го ублажи воспалението на артериите и да го зголеми нивото на добриот (HDL) холестерол.

Позитивните ефекти од смеењето траат 24 часа.

Еве 3 начини на кои смеата има лековито дејство врз вашето срце:

1. Го забрзува протокот на крв

Истражувањата покажуваат дека смеењето го подобрува протокот на крв со проширување на ендотелот, внатрешните ѕидови на крвните садови. Оваа промена во ендотелот, која е предизвикана од смеење, е слична на придобивките од аеробните вежби или лековите за намалување на холестеролот, како што се статините. Разликата е во тоа што смеата е спонтана, а нејзините ефекти се моментални.

2. Го намалува нивото на хормонот на стресот

Се покажа дека смеата има позитивен ефект врз другите аспекти на нашата биохемија. На пример, го намалува нивото на хормонот на стрес, вклучувајќи кортизол и епинефрин. Стресот предизвикува стеснување на крвните садови.

3. Го зголемува нивото на антитела

Смеењето го зголемува бројот на клетки кои произведуваат антитела, што го зајакнува имунолошкиот систем.

„Не смееме да ги потцениме позитивните ефекти од смеењето“, вели кардиологот Бенисио Барзилаи. „Смеата води до моментално намалување на негативните реакции на стресот и го забрзува протокот на крв во крвните садови и срцето.“

Истражувачите полека почнуваат да ги откриваат сите начини на кои смеењето позитивно влијае на срцето. Се верува дека е можно смеењето да го намалува ризикот од срцев удар.

Еве неколку предлози како да се смеете и да го намалите стресот:

  • Фокусирајте се на позитивното
  • Поминувајте повеќе време со саканите кои ќе ве насмеат и опуштаат
  • Гледајте комедии на ТВ или во кино

Доколку хуморот стане дел од вашето секојдневие, може да има големо влијание врз здравјето на вашето срце, но доколку и понатаму сте загрижени, закажете преглед на кардиолог.