Клонираниот мозокот – лек за шизофренија и Паркинсоновата болест

448

Од кожата на пациенти со некоја од менталните болести, научниците кои пред 16 години ја клонираа овцата Доли, создадоа матични клетки. Овие матични клетки ги претворија во мозочно ткиво со кое ќе ги тестираат лековите за психолошките нарушувања.

По Доли, првата клонирана овца, научниците од Единбург дојдоа до нова пресвртница во клонирање ткива. Овој пат станува збор за човечки ткива и тоа еден од најважните за понатамошен голем напредок во оваа област, како и за дијагностиката во медицината.

Научниците, имено, во Центарот за Регенеративна Медицина клонирале мозочно ткиво на пациенти кои страдаат од шизофренија, биполарна депресија и други ментални болести.  Овој успех во голема мерка може да помогне на лекарите при дијагностицирање на ментални нарушувања, бидејќи со копирање на невроните на мозокот се добива модел идентичен со оној на пациентот и минијатурни хемиски промени може да се изучуваат во него, без страв од оштетување на мозокот на пациентот.

– Невроните на пациентите можат да ни кажат многу за психолошката состојба кои влијаат врз нив, но вие не можете да забиете игла во мозокот и извадите мозочна клетка. Но, ние најдовме начин како тоа да се избегне. Зимаме примерок на кожа од која направиме матични клетки и тогаш ги усмеруваме да изградат мозочни клетки. Едноставно, кожата од пациентот ја конвертираме во негов мозок, а од него произведуваме мозочни клетки до кои претходно не можевме да дојдеме – објасни Чарлс Константа директор на Центарот, за Гардијан.

Исто така, во иднина, истата постапка може да се примени и за другите органи кај кои тешко се врши биопсија.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk