Мора да ти е познато следново сценарио: месецот не може да биде премногу краток за да имаш пари до крајот на …
Затоа, ние ќе ти откриеме некои едноставни трикови со кои можеш лесно да заштедиш малку пари – без да нѝ должиш нешто или да ти наплатиме уште и камати!
-
Кај тебе или кај мене?
Нашиот прв совет за едноставна заштеда: Повикај ги своите пријатели на гости. Освен тоа што нема да потрошиш толку пари како во кафуле, многу е поудобно од повеќето бучни и задимени локали.
-
100 денари трик
Не, тоа не е магионичарски трик, но ќе направи чуда за твојот паричник. Значи, секој пат кога ќе ти дојде во рацете банкнота од 100 денари, стави ја настрана, а подоцна и во касичка. Воопшто нема да се изненадиш кога ќе ја отвориш касичката ако имаш потреба од пари.
-
Минимализам
Она што во моментов е популарно во другите области на животот, можеш лесно да го искористиш и на финансиите. Се разбира, го знаеш следново: одиш во бања, а таму еден куп козметички производи ќе заблесне веќе на влегување во бањата. Сега му е крајот на тоа! Купувај козметички производи парче по парче и искрено запрашај се колку често ги користиш и дали навистина ти е потребно сето тоа? Кога последен пат си ги користела? Ќе видиш како бројот ќе се намали. Помалку или повеќе! А тоа важи и за остатокот од облеката, до работите во оставата. Затоа што, дури и кога собираме храна на крајот дел од неа завршува во ѓубрето.
-
Само кеш
Извади пари од банкомат – еднаш неделно – и тоа износ кој можеш да го потрошиш таа недела. Потоа стави ја картичката во фиоката. Запишувај ги сите свои трошоци. Ќе видиш како потрошувачката ќе се намали.
-
Збогум, купување од фрустрација
Тоа заборави го! Зошто? Кога си фрустрирана за нешто и одиш во шопинг, тогаш најчесто купуваш без контрола – затоа што со тоа се тешиш и наградуваш. Тоа во никој случај не е добро – ниту за паричникот ниту за твоите нерви.
Продолжува на страна 2



















