За повисоките цели во медицината – дали ја оправдуваат нашата доверба?

914

Друг труд објавен во престижното медицинско списание The Lancet во 1977 година од страна на Одделот за медицина на заедницата во Обединетото Кралство исто така укажува дека вакцините не се одговорни за падот на стапките на болеста во таа земја:

“Постои континуиран пад на сите заразни болести, од 1937 па наваму, подеднакво кај двата пола. Вакцинацијата, почнувајќи од мали области во 1948 и на национално ниво во 1957 година, не влијаеше на стапката на опаѓање на морталитетот. Со овој модел добро воспоставен пред 1957 година, нема докази дека вакцинацијата одиграла голема улога во намалувањето на инциденцата и морталитетот во трендот на настаните”[19] Заклучокот на авторите дека “нема докази дека вакцинацијата одиграла голема улога во намалувањето на инциденцата и морталитетот” е прилично монументална и далеку поинаква од перцепцијата на генералната јавност денес.

“Истакнатиот епидемиолог Thomas McKeown (1912-1988) професор по социјална медицина на Универзитетот во Бирмингем, тврди дека намалувањето на смртните случаи поврзани со заразни болести (болести предизвикани од бацили во воздух, вода и храна) не може да се доведе во врска со медицинскиот напредок, бидејќи таквите болести опаѓаа долго време пред ефикасните средства за борба против нив да бидат достапни” [20].

Официјалните статистики на САД, Англија и Велс јасно покажуваат дека вакцините не се заслужни за намалување на стапката на смртност од заразните болести, но истите податоци манипулативно се користат од страна на оние кои имаат интерес вакцините да се продаваат, за да ги прикажат вакцините како историско чудо на науката.

Во капиталистичко уредување каде се па и медицината е ставено во служба на профитот, секој мора сериозно да се запраша, дали и кои се мотивите на заговарачите на присилната вакцинацијата. Ако постојат релевантни податоци кои укажуваат дека вакцините немале импакт врз намалувањето на смртноста од заразните болести во минатото, ако е познато дека преку вакцини не се постигнува колективен имунитет, зошто сеуште се форсираат како спасувачи на човештвото?

Постојат 49 милијарди причини за тоа.

Продолжува на страна 15