За повисоките цели во медицината – дали ја оправдуваат нашата доверба?

914

Толку е годишниот промет од вакцини на светско ниво во долари за 2018(21). До 2020 се очекува пораст од 20% (59 милијарди долари/година), поради воведување на нови задолжителни вакцини. Профитот од продажбата на вакцини го делат 4 големи мултинационални компании (GlaxoSmithKline, Pfizer, Merck и Sanofi), но веројатно одреден процент од овој профит оди и кај нивните подржувачи и лоби групи. Некои од нив на глобално ниво се соочени со тужби поради лажирање и прикривање на податоци од клинички студии за вакцини(34).

Можеби сега ќе се запрашате, зошто вакцините ги доживуваме како закана за здравјето и животот на децата и покрај фактот дека нашите здравствени власти непрекинато јавно истакнуваат дека се безбедни. Одговорот следи.

Во САД во тек на 30 години се исплатени над 4 милијарди долари компензации за деца трајно оштетени од вакцини(33). Дали ова треба да ме увери дека вакцините се безбедни?

Вакцините, иако долги години во употреба, не се доволно познато поле во науката. Така производителот на Приорикс (морбили, пертусис, рубеола) (15) вели дека не знае дали оваа вакцина влијае на фертилитетот (плодноста).

Тоа истото го велат и другите производители на други вакцини кои се задолжителни кај нас.

Ниту државите, ниту производителите на вакцини не се мотивирани да вложуваат во дополнителни истражувања, па така производителот за својот производ-вакцина ќе напише и дека не е познато дали е генотоксична (дали ги оштетуваат гените), дали е со канцероген потенцијал или дали има протективна моќ (да не заштити од оние болести за кои ги примаме) (15,22,23,24,25,26). Нејасно за мене останува зошто не се изведуваат студии за канцерогеност на вакцините ако е познато (FDA) дека производството на некои вакцини е врз клетки од човечки тумори (32).

Продолжува на страна 16