Во вторник, на 25 октомври, не очекува делумно затемнување на Сонцето кое „паѓа“ во исто време со младата месечина, поради што астролозите ја нарекуваат оваа појава „црна месечина“.
Покрај тоа што многу членови на Зодијакот ќе чувствуваат голема напнатост и ќе бидат поемотивни од вообичаено, овој период ќе го одбележи и донесувањето одлуки однапред.
Астролозите предупредуваат дека чекорите што ќе ги преземеме за време на „црната месечина“ ќе имаат големо влијание врз нашиот живот во следните шест месеци.
Овен
Оваа „црна месечина“ носи големи емотивни потреси кај луѓето родени во знакот Овен. Зафатените Овни кои се во среќни врски ќе и предложат заеднички живот на саканата личност, а оние кои долго време се во лоши односи или брак ќе ја донесат конечната одлука за раскинување.
Бик
Обрнете внимание на тоа што ви кажува вашата интуиција. Ако до сега сте го игнорирале своето „чувство на стомакот“, слушнете го сега – тоа ќе ви донесе убави промени во сите сфери на животот.Обидете се да ги зауздите вашите мегаломански тенденции – во спротивно нема да се задоволувате со даровите со кои ќе ве опсипува животот.
Близнаци
Доколку не сте задоволни од средината во која се наоѓате, ќе размислувате за преселба. Ѕвездите ќе ве поддржат полесно да најдете ново „место под сонцето“.
Рак
Без разлика дали очекувате унапредување или сакате да смените компанија или работно место, ѕвездите ќе бидат на ваша страна. Овој „црн месец“ ќе ви биде корисен на деловен и финансиски план.
Лав
Ако имате браќа или сестри, подгответе се за промените што ќе следат во нивните животи. Можеби на почетокот ќе ви биде тешко, но подобро е да се прилагодите на време„Преку ноќ“ ќе донесете одлука да ја оставите личноста која сте ја сметале за потенцијален партнер додека смртта не ве раздели без објаснување.
Девица
Посветете се на здравјето. Поради деловни и семејни обврски, доста се запоставивте себеси, а тоа би можело да ве чини, особено ако сте во позрела возраст. Направете ги потребните лекарски прегледи и следете ги советите на лекарот.
Продолжува на страна 2