За повисоките цели во медицината – дали ја оправдуваат нашата доверба?

914

Држава која го вреднува здравјето на поединецот, спроведува мерки за заштита на тоа здравје. Ако немате соодветни институции и едукации на здравствените работници, вакцинацијата како поединечна и присилна мерка, нема да го подигне јавното здравје. Во моментов, сведоци сме дека здравствената политика на министерството за здравство не вродија со плод на сузбивање на епидемијата, туку напротив јасно е дека мерките се погрешни и водат кон уште поголем број заразени. Но, за чудо се продолжува со истите мерки и пошироко (на територијата на цела држава) иако мерките се покажаа неефикасни. Од ова јас можам само да се запрашам која е целта на Министерот за здравство, дали да ја сузбие епидемијата, или целта е повеќе од финансиска природа. Ако присилната вакцинација беше ефикасна мерка, во град Скопје после вакцинирање на повеќе од 12.000 деца, повеќе ќе немаше епидемија. Сведоци сме дека не е така.

Довербата на граѓаните во здравствениот систем е веќе срушена, што е жално ако знаеме дека нема поблагородна професија од медицинската, професија креирана да го подобрува квалитет на живот и здравјето на луѓето и да спасува човечки животи. Медицината и медицинските работници отсекогаш билен издигнувани на највисокиот пиедестал во општеството, баш поради таа важна улога која им е доделена. Но дали тие ја оправдуваат нашата доверба и треба ли безусловно да им веруваме? Или можеби треба да се вратиме малку назад во историјата и да осознаеме како таа доверба била злоупотребувана, за да научиме од грешките и да не дозволиме да ни се повторат.

Медицинската пракса во минатото изобилувала со штетни и непотребни интервенции врз живи човечки субјекти, под закрилата на науката и за добробит на општеството како оправдување, иако уште во петтиот век пред новата ера Хипократ ја напишал заклетвата која секој доктор до ден денес ја положува пред да добие право да работи со пациенти. Врвно начело на таа заклетва е Primum non nocere – Прво не прави штета(1).

Продолжува на страна 4