За повисоките цели во медицината – дали ја оправдуваат нашата доверба?

914

Графикон 4

Смртни случаи од морбили во САД за период 1900-1984 година. Вакцината е воведена 1963.година.

Во 1900. година имало 13.3 смртни случаи на 100,000 жители и тоа постепено се намалувало без вакцинација на 0.2 смртни случаи на 100,000 жители во 1963. година кога е вакцината воведена. Смртноста од морбили е намалена за 98% пред воведување на вакцината.

Од графиконот 4 може да се забележи дека смрноста од морбили (мала сипаница) била скоро исчезната во моментот кога вакцината против морбили била воведена. Заслуга на вакцината во намалување на смртноста од морбили е само 2% (17).

Не само статистиките туку и многу истакнати имиња во медицината ја потврдиле вистината за искоренувањето на заразните болести во минатото. Понова уредничка изјава од Journal of Pediatrics вели дека правилната хигиена во голема мера била одговорна за раниот голем пад на заразни болести:

“…најголем историски пад на морбидитетот и морталитетот предизвикан од заразни болести не беше доживеан поради модерната антибиотска и вакцинална ера, туку поради воведувањето на системи за чиста вода и отпадна канализација.”[18]

Продолжува на страна 14