Почина м-р Јово Ратковиќ

125

Ненадоместлива болка и тага ни донесе веста за ненадејната смрт на нашиот долгогодишен соработник и пријател м-р Јово Ратковиќ.

Дозволете ни да го упатиме нашето искрено жалење и длабоко сочувство до сите Вас, кои загубивте посветен и драг пријател, колега, сопруг, татко, наставник…

Спомените за нашиот Јово нема да избледат. Тој како човек и како интелектуалец остави големи траги кои засекогаш ќе бидат врежани во нашите срца.

Во оваа прилика, Ве известуваме дека Комеморативната седница по повод смртта на м-р Јово Ратковиќ ќе се одржи на ден 17.05.2019 во 9:00 часот во амфитеатарот „Св.Климент и Наум“ на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, каде ќе биде отворена и книга на жалост.

Погребот ќе се одржи истиот ден во 11 часот на гробиштата во с. Јурумлери, за што Универзитетот за туризам и менаџмент ќе обезбеди превоз, веднаш по одржувањето на Комеморативната седница.

Со почит,
Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје