Еве како и на кој начин можете да разубавите нечиј ден

1423

Постојат ситници кои можете да ги правите секојдневно за да разубавите нечиј ден

1. Направете кафе или шолја чај за вашиот колега.

2. Купете или направете подарок за вашата мајка на денот на вашиот роденден. Тоа е посебен ден и за неа.

3. Кажете ѝ на касиерката во продавница дека има прекрасни обетки, дека навистина ѝ стојат.

4. Објавете слика на Фејсбук од деновите додека бевте во основно или средно училиште и тагнете ги старите пријатели со кои одамна не сте комуницирале.

5. Погледнете во вашиот гардеробер и одберете работи кои не ги носите – дајте ги на оние кои знаете дека им требаат.

6. Помогнете ѝ на постара личност да премине на пешачки премин или да искачи скали.

7. Ставете лајк на нечие селфи – дури и да не ви се допаѓа.

8. Дајте му до знаење на келнерот од ресторанот во кој секојдневно јадете, дека знаете колку е напорна неговата работа.

9. Оставете бакшиш заедно со порака за благодарност во следното кафуле или ресторан во кој ќе седнете.

10. Купете храна од најблиската пекара и дајте ја на бездомник.

Продолжува на страна 2