Еве како и на кој начин можете да разубавите нечиј ден

1424

11. Зборувајте со бездомник, откријте која е неговата животна приказна.

12. Ако имате пријател кој неодамна ја прекинал врската, најдете начин како да го расположите. Напишете ги на лист хартија сите доблести кои ги поседува за да знае дека е добра личност.

13. Насмевнете се на некој чие дете плаче (обично луѓето ги превртуваат очите кога ќе видат родител со расплакано дете, а тоа прави дополнително да се чувствуваат непријатно).

14. Прашајте некоја постара личност која е нејзината животна приказна и што правела на ваша возраст. Заинтересирајте се за работите кои има да ви ги каже.

15. Гледајте ги омилените филмови или слушајте ги омилените песни на вашите родители. Потоа кажете им што ви се допаѓа во тие филмови или песни.

16. Кога сте во супермаркет дозволете ѝ на личноста со малку производи во рацете да помине пред вас.

17. Кажете им здраво на соседите иако не ги познавате.

18. Наминете до вашето училиште и кажете им на вашите професори или наставници што направиле за вас.

19. Пишете ѝ на личноста која некогаш ви помогнала со нешто и прашајте дали има потреба од тоа услугата да ѝ биде возвратена.

20. Кога ќе се сретнете со пријател кој одамна го немате видено, купете му подарок за да знае колку многу ви значи.

Продолжува на страна 3