Еве како да го кренете серотонинот во организмот

1087

Ниските нивоа на серотонин афектираат сè – апетитот, циклусот на спиење, меморијата, либидото и се разбира, расположението. Неслучајно тој е нарекуван “хормонот на среќата”.

Пред неколку години научници дури докажаа дека серотонинот може да се акумулира физички како плазместа материја и да го штити не само умот од депресија, туку и органите, поддржувајќи алкална средина во организмот.

Еве како на природен начин да се зголеми производството на невротрансмитери во телото:

Зајакнување на внесот на триптофан

Тоа е аминокиселина која е витална за производството на серотонин, па ако го зголемите количеството на триптофан, ќе се подигне и она на серотонинот. Супстанцата се наоѓа во храна како мрсно месо, јајца, млечни производи, ореви и семки.

Задржете го вашиот час за масажа

Масажата го опушта не само телото, туку и умот. Истражувања покажуваат дека после масажа нивоата на серотонин се зголемуваат до 30%, веројатно поради намалувањето на хормонот на стресот кортизол.

Земајте витамин Б

Сите витамини од Б-групата помагаат за доброто расположение, но најважни во овој случај се Б6 и Б12. Постојат дури докази дека земањето на витамин Б може да лекува депресија.

Бидете на сонце

Кога сте на отворено и особено на сонце, вие предизвикувате производството на серотонин. Бидете барем 20-30 минути на ден надвор.

Слушајте ја омилената музика

Музиката одамна е со докажани терапевтски и седативни својства. Таа, исто така може да провоцира емоции. Слушањето на омилената музика не само што може да го подобри расположението и да ве наполни со енергија, но и да го зголеми производството на серотонин.

Зајакнување со магнезиум

Магнезиумот има влијание врз серотонинската рамнотежа, но исто така го контролира крвниот притисок и функцијата на нервниот систем. Магнезиумот може да се најде во зеленолистниот зеленчук, бобестите култури и банани.

Вежбајте повеќе

Сè што прави срцето да чука побрзо го зголемува серотонинот во телото. Ослободувањето на ендорфини исто така ќе ве натера да се чувствувате одлично. Најдобра опција е да вежбате на отворено.