Александар Донски | Нови плочки од “ХЕЛЕНСКАТА КУЛТУРА” за Заев

2811

Предлагам оваа изјава дадена од еден од најголемите ранохристијански авторитети Татјан Асириецот, кој денес е почитуван и славен од сите христијани во светот, да ја залепите на плочка на Грчката амбасада во Скопје, секако во претходен договор со нашите грчки пријатели, па дури може да се организира и заедничко свечено откривање на таа плочка.

Ако сакате, ќе Ви понудам и изјави поврзани со јазикот. На пример, изјава од латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф од 1. век, кој јасно сведочел, дека античките Македонци и Хелените меѓусебно комуницирале преку преведувачи. Или, изјава од Дио Крисостом кој посебно ги спомнува Македонскиот и хеленскиот јазик. Или, изјавата од Плутарх, во која, исто така, го спомнува Македонскиот јазик како мајчин јазик на Александар Македонски, на Македонската војска која (цитат) “на Македонски јазик“ го поздравила својот генерал, но и на египетската кралица од македонско потекло Клеопатра Седма која според Плутарх, освен својот “Македонски јазик“ знаела и други јазици.

Ако сте расположени за лепење натписи со содржини од хеленската култура низ Скопје, можам да Ви понудам сведоштва од над 50 антички (главно хеленски) автори со слични содржини како овие, кои можат да се сретнат на You Tube каналот “Aleksandar Donski History Channel“ и во книгата “Старогрчки и други антички сведоштва за посебноста на античките Македонци“, која на Македонски и на англиски е ставена на интернет. Патем, сите видовме дека првите натписи што ги залепивте во чест на “хеленската култура“, утредента беа со спреј шарани. Ви гарантирам, дека изјавите од “хеленската култура“ што јас ќе Ви ги пратам, никој нема да ги шара! Вие само поставете ги!

Продолжува на страна 9