Александар Донски | Нови плочки од “ХЕЛЕНСКАТА КУЛТУРА” за Заев

166

Господине Заев, бидејќи сте очигледен вљубеник во хеленската култура, дури и припадници на други култури и личности (како во случајов античките Македонци) ги прогласивте за “Хелени“, Ви нудам уште неколку интересни автентични сведоштва од хеленски автори, од хеленската култура. Верувам ќе Ви се допаднат и не се сомневам дека ќе ги ставите како натписи низ центарот на Скопје, па и во другите градови, во “согласност со Преспанскиот договор“. Да почнеме со ред.

Најпрво поставете ја на голема плочка изјавата од најпознатиот хеленски, односно атински говорник Демостен од 4 век пред Христа, кој во врска со етничкото потекло на Филип Втори Македонски во своето дело “Втора Филипика“ дословно запишал: “Филип, тој човек не само што не е Хелен, туку и нема ништо заедничко со Хелените. Барем да беше барбарин од некоја пристојна земја. Но, тој ни тоа не е. Тој е некакво шугаво суштество од Македонија, земјата од која не можеш да доведеш ниту роб што барем нешто вреди.“ Овој натпис залепете го до статуата на Филип Втори Македонски, секако на англиски и на Македонски јазик.

Веднаш до оваа изјава можете да додадете натпис и од хеленскиот филозоф и говорник Тразимах од 5. век пред Христа. Во својот говор “За Ларисјаните“, Тразимах, спомнувајќи го Македонскиот крал Архелај, запишал: “Зарем ние како Хелени, ќе му бидеме робови на Архелај барбаринот?“ Во натписот може да се дообјасни, дека под терминот “барбари“ Хелените ги сметале оние народи кои зборувале неразбирливо за нив, за ова има бројни антички сведоштва.

Продолжува на страна 2