Александар Донски | Нови плочки од “ХЕЛЕНСКАТА КУЛТУРА” за Заев

2811

Тит Ливиј не бил хеленски автор, туку римски. Сепак и тој пишувал за “хеленската историја“, при што и самиот сосема јасно ги издвоил Македонците од Хелените. Во својата 31 книга (44), пишувајќи за омразата на Хелените Атињани кон Македонците од времето на Филип Петти и за нивната желба, со помош на Рим, да се ослободат од Македонците, Ливиј пишува: “Атињаните и нивните сојузници… во секоја прилика фрлаа клетви врз Филип, врз неговото семејство и врз неговото царство, врз неговите сили на копно и на море, како и врз целата раса и име на Македонците“.

Следното сведоштво е од познатиот антички ранохристијански теолог Татјан Асириецот од 2 век. Едно од неговите најпознати дела е “Обраќање до Хелените“ во кое тој ги критикува античките хеленски автори дека незаслужено припишувале заслуги на Хелените кои никогаш не им припаѓале! Тој наведува кои сегменти од науката и уметноста Хелените ги украле од други народи, а подоцна ги прикажувале како “свои“: “О, Хелени, не бидете толку непријателски настроени кон барбарите и не гледајте со толкава злоба кон нив. Речиси сите ваши институции вие ги презедовте токму од барбарите. Најеминентните Телмесијани ви ја создадоа уметноста на волшепството, Каријците претскажувањето од ѕвезди, Фригијците и најстарите Исавријани предзнаците според летањето на птиците… На Вавилонците им ја должите астрономијата, на Персијанците магијата, на Египтјаните геометријата, а на Феникијците азбуката и правилата за пишување. Престанете лажно да ги прикажувате овие изуми како ваши! Орфеј ве научи на поезија и музика, а од него научивте и за мистериите. Тусканите ве научија на вајарството, а од старите записи на Египтјаните научивте како се пишува историја. Свирењeто флејта го научивте од Марсија и Олимп – овие двајца Фригијци ја создадоа хармонијата од цевките на овчарите. Тиренците ја измислија трубата, Киклопите ковачкиот занает, а од поранешната кралица на Персијанците, како што ни кажува Хеланикус, сте го превзеле методот за пишување на плочи. Затоа, не бидете вообразени и престанете да се фалите, бидејќи сѐ додека си се фалите самите себе, само вашиот народ ќе ви верува. Но, пристојноста наложува дека секој разумен човек треба да добие признание од други… Се смета дека секој народ треба да има единствен изговор на својот јазик. Но, вие самите не зборувате слично, дури ниту во секојдневната комуникација. Начинот на кој зборуваат Дорците, не е ист со јазикот на жителите на Атика, ниту пак Еолците зборуваат како Јонците, па јас навистина не знам кого од вас да го нарекувам Хелен?! И што е најчудно од сè, вие не си ги почитувате вашите автентични зборови, туку ја форсирате мешавината од барбарски зборови, кои од вашиот јазик создадоа каша… Вие ја ставивте реториката во служба на неправдата и клеветите, продавајќи ја слободата на вашиот говор за пари и честопати претставувајќи една иста работа еднаш како лоша, а другпат како добра.“

Продолжува на страна 8