Александар Донски | Нови плочки од “ХЕЛЕНСКАТА КУЛТУРА” за Заев

2811

Е како тоа, ем Македонците биле “Хелени“, ем овој антички автор Македонците и Хелените ги спомнува како два посебни европски народи? И згора на се’, тој бил Римјанин, а не “македонски националист“.

Многу важна изјава од арсеналот на хеленската култура е и онаа дадена од познатиот антички хеленски филозоф, картограф, географ и математичар по име Дикеарх од 4. и 3. век пред Христа. Во неговото дело “Животот на Грција“ тој јасно ја опишал границата на тогашниот хеленски свет: “Границите на Грција ги лоцирав во земјата на Магнесијанците… Над Темпе, кон планината Олимп, се наоѓа земјата на Македонците!“

Како објаснување на оваа изјава, што сигурен сум дека ќе ја залепите како натис од хеленската култура, можете да додадете, дека земјата Магнесија, која овде е опишана како северна граница на хеленскиот свет, се наоѓа во јужното подножје на Олимп од грчка страна, а самата планина Олимп и територијата на север од Олимп била “земјата на Македонците“! И што сега? Зарем Дикеарх, кој иако бил роден на Сицилија и самиот бил Хелен и речиси сиот свој живот го поминал среде своите сонародници Хелени на Пелопонез, не знаел каде се границите на неговата земја, т.е. каде живееле неговите сонародници Хелени, а каде Македоцните? Замислете денес некој германски картограф да ги опише границите на Германија во 21 век, а по 2.000 години некоја будала да напише дека тој германски картограф “не знаел каде се границите на Германија во 21 век“. Можно ли е тоа? Секако не! Но, исто е и со Дикеарх. Никој денес нема право да го негира тоа што го запишал во однос на границите на сопствената земја и народ од времето на антиката во кое и самиот живеел.

Продолжува на страна 5