Александар Донски | Нови плочки од “ХЕЛЕНСКАТА КУЛТУРА” за Заев

2811

Еве уште една изјава од припадник на хеленската култура. Се работи за изјава од Дионисиј од Халикарнас во 1 век, кој во своето дело “Римски старини“ ја спомнува Македонија како “најмоќна нација“ во тогашниот свет: “Македонија, која тогаш била сметана за најмоќна нација на светот, како ривал повеќе немала ниту една друга нација, било барбарска или грчка.“

Доколку некои членови од СДСМ Ви забележат дека објавувате “националистички и вмровски изјави“, објаснете им дека Дионисиј од Халикарнас не е член на ВМРО-ДПМНЕ затоа што живеел речиси две илјади години пред да се формира оваа партија. Напротив, и самиот бил претставник на хеленската култура, па така и оваа изјава заслужува да биде објавена на посебен натпис во центарот на Скопје!

Промовирањето на хеленската култура во Македонија не може ни да се замисли без делото на Диодор Сицилијанецот. И овој хеленски автор напишал биографија за Александар Македонски, при што на повеќе места ги спомнува Македонците и Хелените како два посебни народи! Во една изјава, пишувајќи за бунтот на Хелените против Македонците, Диодор сведочи: “…Хелените, кои беа оставени во Бактрија и Согдијана… се побунија против Македонците. Тие се собраа околу три илјади мажи. На патот кон дома претрпеа многу тегоби, а по смртта на Александар сите беа масакрирани од Македонците“ (Диодор, 17.99.5 – 17.99.6).

Значи, ем Македонците биле “Хелени“, ем Хелените кои принудно биле оставени да живеат во Азија, се побуниле против нив, по што биле масакрирани од Македонците. И оваа историја ја запишал хеленски автор!

Продолжува на страна 6