Во истото дело Павсанија (1.4.1 и 1.4.2) дал уште едно сведоштво од кое ќе излезе одличен натпис за хеленската култура: “Хелените… претходно биле неколкупати поразени од Александар и од Филип, Антипатер и Касандар, кој потоа целосно ги скршил.“
Задолжително треба да ја залепите и изјавата од хеленскиот автор Павсанија: “По смртта на Александар, Хелените почнале втора војна против Македонците (4.28.2).“
И уште една изјава од Павсанија, која одлично ќе се вклопи со останатите натписи од хеленската култура. Пишувајќи за поразот на Хелените од страна на Македонците по битката кај Херонеја, Павсанија напишал: “Катастрофата кај Херонеја била почеток за несреќите на сите Хелени, а посебно на оние кои биле поробени, затоа што биле слепи за опасноста што доаѓа од Македонија… Но, по смртта на Александар, Атињаните помислиле дека не смее да се дозволи Грција засекогаш да остане под власта на Македонците, заради што почнале војна, повикувајќи ги и другите да им се придружат“ (Pausanias, Description of Greece, 1.25.3).
Еве и една космопoлитска изјава од страна на античкиот автор Ампелиј, кој детално ги набројува посебните народи од Европа во времето на антиката кога и самиот живеел. И оваа негова изјава одлично одговара како натпис во кој се покажува почит кон сите народи во Европа: “Во Европа најпознати народи се Скитите, Сарматите, Германите, Дакијците, Мизите, Тракијците, МАКЕДОНЦИТЕ, Далматите, Панонците, Илирите, ХЕЛЕНИТЕ, Италите, Галите и Шпанците“ (Liber Memoralis VI, 3).
Продолжува на страна 4


















