Александар Донски | Нови плочки од “ХЕЛЕНСКАТА КУЛТУРА” за Заев

2810

Промоцијата на хеленската култура во Македонија не може ни да се замисли без делото на хеленскиот историчар Аријан од 1 век, кој е автор на Биографијата на Александар Македонски, кого наскоро може ќе го прекрстите во “Александар Хеленски“. Во описот на битката кај Ис, што се водела помеѓу Македонската и Персиската војска, Аријан пишува, дека на страната на Персија, против Македонците се бореле над триесет илјади Хелени! Аријан сведочи, дека најжестокиот судир во оваа битка бил токму помеѓу Хелените од Персиската војска и Македонците, а причината за тоа било нивното “старо расно ривалство“. Еве кој натпис под итно треба да го поставите во центарот на Скопје: “Почнала жестока борба… Дариевите Хелени се бореле со цел да ги потиснат Македонците назад кон реката и да ги задржат позициите на своето лево крило… Судирот беше уште повеќе загорчен поради старото расно ривалство помеѓу Хелените и Македонците.“ (Arrian: “The Campaigns of Alexander“, Transl. By Au­brey De Selin­court, Pengiun books, USA, 1987, стр. 119)

Овој хеленски натпис, во кој е потенцирана “расната омраза“ помеѓу Македонците и Хелените, треба да го ставите крај споменикот на Александар Македонски. Нека читаат луѓето натписи од хеленската култура.

Патем, од Аријан можам да Ви испратам уште еден куп изјави во кои ги спомнува Македонците и Хелените како два посебни народи!

Задолжително треба да ја ставите и изјавата од најпознатиот хеленски географ, историчар и патеписец Павсанија од 2 век. Во своето најпознато дело “Описот на Грција“ (2.8.4) Павсанија запишал: “…Сите Хелени се плашеа од Македонците и од Антигон (Македонски крал, м.з.)“.

Продолжува на страна 3