Јустин е уште еден познат антички автор кој напишал биографија за Александар Македонски. Ни пет ни шест, овој антички автор запишал дека Хелените биле “робови“ на Македонците: “…Името на Македонците кое претходно било непознато, наеднаш станало доминантно. А Филип, кој три години бил држан како заложник во Теба… ја зголемил моќта на Македонија која сега претставувала ропски јарем над вратовите на Хелените и на Азија.“ (Јустин, 6,9).
Во својата 12. книга за хеленското востание против македонската власт, кое било кренато веднаш по заминувањето на Александар Велики Македонски во освојување на Азија, Јустин вели: “По заминувањето на Александар од Македонија, речиси цела Грција, со намера да ја обнови својата слобода, крена вооружено востание…“ (12.1). Јасни и прецизни изјави за посебни натписи.
Ќе мора да се стави натпис и со изјава од најпознатиот хеленски географ Страбо (5.26), кој пишувајќи за историјата на Европа, децидно ги издвојува Македонците во однос на Хелените: “Водечки нации порано беа Хелените, а потоа Македонците и Римјаните…“
Ќе треба да се отстапи место и за плочка со изјава од античкиот автор Созомен, кој во врска со христијанизацијата на балканските народи, која се одвивала во времето на Константин Први Велики (306-337), запишал: “…Христијаните на запад, Хелени, Македонци и Илири, почнаа безбедно да богослужат под заштита на Константин, кој тогаш станал главен на Римската империја“. (Ecclesiastical History, Book II, Chap. II).
Чекајте малку, зарем Македонците не биле “Хелени“? Зошто во сите овие изјави од антички автори се спомнати како два посебни народи?
Продолжува на страна 7


















