Дали знаете што е “криза во првиот квартал на животот”? Видео

91

Егзистенцијална криза

Повеќе од 60 проценти миленијалци минуваат низ тежок период, кој конечно има свое име

За кризата на средните години од животот сигурно сте слушнале, но дали знаете што е криза на првиот квартал од животот? Од тој синдром, всушност, наводно трпи дури 60 проценти од т.н. миленијалци (генерација родени помеѓу 1980 и 2000 година), покажало најновото истражување.

Криза на средните години се јавува кога средовечно лице почнува да се чувствува заробено во сопствениот живот и рутина, и почнува да се однесува нерационално за да го надмине тоа чувство. Но, егзистенцијалната криза се случува многу порано, бидејќи миленијалците, исто така, ја преиспитуваат смислата на животот, достигнувањата и својата перспектива.

Според Independent, истражувањето, спроведено од First Direct банката во соработка со психологот д-р Оливер Робинсон, е наменето да се покаже како луѓето ја користат кризата за поттикнување на промени. Но, во тој процес, случајно е откриено дека голем број на луѓе помеѓу 25 и 35 години се борат со финансиски предизвици и лични притисоци.

Испитани се 2000 млади Британци и утврдено е дека финансиската несигурност е главен причинител за загриженост, бидејќи повеќе од половина (56 проценти) миленијалци велат дека троши повеќе отколку што заработува.

Другите видови на притисоци се однесуваат на изнаоѓање на добра (26 проценти) или интересна работа (24 проценти), подобрување на стандардот на живеење (22 проценти) и остварување на квалитетна врска (25 проценти).

Податоците, исто така, кажуваат дека просечниот миленијалец околу шест месеци чувствувал дека е на дното пред да одлучи нешто да направи. Но, д-р Робинсон вели дека оваа приказна има две страни.

“Младите се плашат од периодот на несигурност и тешкотии, но моето искуство ми кажува дека тоа е воедно и време за отвореност, нови искуства и за раст. Тие откриваат дека старите механизми и методи повеќе не функционираат и истражуваат нови идеи, активности и начини за надминување на пречките”.

Експерт за работа и кариера Дариан Фараз има неколку корисни совети за секој кој чувствува дека се наоѓа во криза на првиот квартал.

1. Престанете да правите споредби со другите

Тоа е сигурен начин да паднете во депресија. Запомнете дека секој од нас е на вториот дел од своето патување, и дека не сите ние, сме тргнале од иста почетна позиција. Правете го она што ве радува, а не она што го прават другите.

2. Земете време и дознајте што навистина е вашиот проблем

Работата, семејството, очекувањата, сиот тој притисок … Не е невообичаено што сте под стрес. Но, одвојте еден момент, оддалечете се од сè и откријте која е основната работа што ве вознемирува. Кога навистина ќе го идентификувате проблемот, сè ќе биде полесно.

3. Биди добар кон себе

Кризата од првиот квартал на животот е реална, повеќето луѓе го минуваат и имате право на тоа. Додатно не се чувствувајте лошо заради затоа се чувствувате лошо. Обидете се да ја доживеете оваа промена како нешто позитивно – промена која ќе помине.

4. Разговарајте со блиски луѓе

Не се затворајте во себе и побарајте помош од блиски луѓе. Можеби тоа се пријателите, можеби семејството. Во секој случај, да се слшне мислење од страна може да биде многу корисно.

5. Истражувајте

Кога разговарате за вашиот проблем со блиски пријатели, истражете ги своите можности и, најважно, следите ја вашата страст. Запознајте се добро и бидете свесни за своите можности.