Опасниот LZTFL1 | Ако го имате овој ген, двојно поголема e шансата за смрт од корона – Ги блокира белите дробови

1746

Генот LZTFL1, кој го зголемува ризикот од смрт од коронавирус, има дури 60 отсто од оние со корени во Јужна Азија.

Експерти од Универзитетот во Oxford идентификувале ген кој го удвојува ризикот од смрт од коронавирус, пишува Oxford Mail.

Водачот на истражувањето д-р Damien Downes изјави дека дека се работи за генот наречен LZTFL1 кој ги спречува белите дробови да реагираат правилно на вирусот и на тој начин доведува до респираторна инсуфициенција кај пациентот.

Овој ген има дури 60% од оние со корени од Јужна Азија

Се смета дека пронајдокот го објаснува поголемиот број на смртни случаи во одредени заедници во Велика Британија и жежок удар на коронавирусот во индискиот потконтинент бидејќи 60% од луѓето со јужноазиско потекло го носат и тој ген.

„Иако не можеме да ја промениме нашата генетика, нашите резултати покажуваат дека луѓето кои го носат тој ген би можеле повеќе да имаат корист од вакцинацијата. Бидејќи таа влијае на белите дробови наместо на имунитетот, тоа значи дека со вакцината може да се намали поголем ризик“, рече уште еден од експертите кои работеле на студијата James Davies.

Претходните истражувања покажале дека хромозомот 3 исто така го удвојува ризикот од смрт од коронкавирусот кај луѓето помлади од 65 години, иако не е познато на што го зголемува ризикот, ниту пак точно која генетска промена е одговорна за тоа.