Кој не престанува да збори на телефон, а кој претпочита да „куцка“ пораки

933

Еве со кои знаци на Зодијакот можете „бескрајно долго“ да разговарате, а кои повеќе би сакале да се допишуваат отколку да разговараат!

ОВЕН

На Овенот му се допаѓаат кратки разговори, тој не е заинтересиран за некои предолги објаснувања. Не му е лесно да разговара со луѓе кои сакаат долго да зборуваат, тој е отсечен и јасен. Не претерувајте кога разговарате со него затоа што тој лесно може да ви спушти слушалка.

БИК

Бикот сака да зборува на телефон, но понекогаш му е полесно да се допишува. Тоа му дава слобода да пишува кога тој сака. Не секој повик го нарушува неговиот мир, а воглавно звукот за ѕвонење му е намален на минимум. Не е лесно да го добиете Бикот, ако тој има некоја важна работа или ужива. Затоа е подобро да го прашате кога можете да го повикате. Тој единствено има трпение за љубовни разговори со саканата личност.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците се „половина човек – половина телефон“. Тие не го испуштаат телефонот од раце. Не е лесно да се изназборат со сите и секогаш имаат неограничени минути за да ја задоволат нивната потреба за разговор. Ако не ви се допаѓа да зборувате по телефон, мора да им го потенцирате тоа, но можно е да не можат да ве разберат. Тоа е како воздух за нив, па сметките секогаш се големи.

Продолжува на страна 2