Омилената музика укажува какви сте во сексот и како жените ве доживуваат

914

Знаете ли дека музиката што ја слушате, има однос кон тоа како се претставувате во интимните моменти, прашува PopSci?

Тоа е затоа што изборот всушност исполнува одредени ставови за љубовта, сексот и интимниот живот кој психолози од Универзитетот Кијли во Велика Британија успеале да ги обединат во неколку стереотипни гpупи.

Излегува дека баладите и љубителите на класичната музика се најлоши во креветот.

Овој тип љубовници не се заинтересирани особено дали партнерката стигнала до оргазам. Освен тоа се конзервативни и не гледаат некоја нова поза надвор мисионерската како и некоја неприфатлива перверзија.

“За сметка на тоа, број 1 во сексот се љубителите на рокот”, категорична е Александра Ламонт, која заедно со Рејчел Хале и Џонатан Кастро се автори на истражувањето.

Според неа љубителите на тврдиот звук се свесни за сексуалните преференци на жените, како и на задоволството на партнерката.

Слушањето поп-музика е за нарциси и егоисти и не само во животот, но и во сексот. Тие имаат висока самодоверба и се воодушевени од нивниот изглед. Тие немаат имагинација во креветот и понекогаш се сметаат за досадни од жените. Тие преферираат научени техники и не покажуваат ентузијазам за нови работи.