Девица
* 1. Според некои статистички податоци, Девиците се најстраствените читатели на љубовни романи. Психолозите укажуваат дека луѓето со изборот на литературата го надоместуваат она што им недостасува во животот, и се чини дека тие се во потрага по љубов и романса.
* 2. Тешко се освојуваат … Заљубените Девици прво ќе ги најдат причините против влегувањето во врска и дури по анализа на предностите и недостатоците на партнерот се препуштаат на повикот на срцето.
* 3. Сакаат да учат љубовни техники.
* 4. Според некои истражувања, во позиција на менаџери во американските фабрики и банки, тие заземаат второ место, но го достигнале некаде околу педесетиот роденден.
* 5 Имаат најосетлив дигестивен систем. Како по правило, нивниот желудник лачи прекумерна желудечна киселина и често заболуваат од чир на желудникот.
* 6. Девиците се незначително застапени во популацијата на алкохоличари и зависници од дрога. Причината за тоа е нивното избегнување на средствата кои би можеле да го нарушат рационалното расудување или да поттикнат несоодветно однесување.
* 7. Им треба повеќе време да ги решат секојдневните проблеми отколку на припадниците на другите хороскопски знаци. Тие посветуваат премногу внимание на детали и анализи, дури и побавно ја согледуваат целината на проблемот.
Продолжува на страна 8