ЛАВ
* 1. Истражувањата спроведени во Холивуд, Њујорк и Франција покажуваат дека Лавовите се највредни посетители на големите општествени настани и редовно се присутни на сите гламурозни забави.
* 2. Лавовите припаѓаат на ретка група на среќници кои не се подложени на никаква трема и паника пред испит, ниту во ситуации кога треба да се појават пред публиката. Најмногу естрадни ѕвезди се родени баш во овој знак.
* 3. Тие се гордеат со она што имаат, па така и со изборот на партнери. Саканата личност со ќеиф ќе ја покажуваат пред пријателите и ќе го потенцираат шармот, образованието или убавината.
* 4. Иако ретко се одлучуваат за развод, истражувањата покажуваат дека раскинувањата најчесто се случуваат во мај и декември. Јануари, февруари, април и јуни се месеци кога најчесто се заљубуваат..
* 5. Лавовите ги сметаат за најдобри љубовници на зодијакот (освен Шкорпиите и Рибите), но истражувањата покажуваат дека најчесто страдаат од сексуални проблеми. Причината за ова лежи во нивната гордост и суета.
* 6. Истражувањето спроведено од познат бизнис магазин во педесетте најголеми американски компании покажува дека голем дел од луѓето на водечките позиции се раѓаат во овој знак, а во средното менаџерско ниво нивната застапеност е уште поголема.
* 7. Лавовите се сметаат за одлични гурмани. Слаба точка им се слатките, тортите, сладоледот и палачинките.
Продолжува на страна 7