СТРЕЛЕЦ
* 1. Брачните партнери на Стрелците веруваат дека најголем недостаток на нивните брачни другари е склоноста кон неверството.
* 2. Доблестите кои кај нив најмногу се ценат се толеранцијата и подготвеноста за простување, а тие, исто така, нагласуваат дека често внесуваат ведрина и динамика во домот.
* 3. Се чини дека тие не сакаат столици. Претпочитаат да гледаат телевизија седнати на перници на подот, а често и спијат на подот. Дури и додека јадат седат на турски начин.
* 4. Тие се познати како најраздвижени луѓе. Причината лежи делумно во вродената живост, но многумина од нив се и верни обожаватели на јогата, тај-чи и разни видови на гимнастика.
* 5. Луѓето во овој знак почесто од другите поставуваат прашања и бараат дополнителни информации. Меѓутоа, се истакнуваат во групата на оние на кои нетрпеливоста не им дозволува да добијат комплетен одговор и знаат да прекинат нечие излагање.
* 6. Истражувањето покажало дека Стрелците имаат најбрзи реакции зад воланот. Педалата на ножната сопирачка ја притискаат 5% побрзо од второпласираните Овни, и се сметаат за сигурни возачи.
* 7. Иако се склони кон разводи, тие не се на врвот на оваа неблагодарна листа. Статистиките покажуваат дека бракот склопен помеѓу Стрелец и Близнак е комбинација која најчесто завршува на суд.
Продолжува на страна 11