Непогрешливи факти за секој хороскопски знак | Овните – најлоши возачи, Близнаците – најчести пациенти, Вагите – најубави …

3588

БИК

* 1. Биковите заземаат висока позиција на скалата на омилени шефови. Многу ги ценат талентите и способностите на своите подредени и сметаат дека е важно да се наградуваат вредните, доверливите и лојалните работници.

* 2. Биковите се најдобри домаќини дури и на работното место. Штом ќе влезете во нивната канцеларија ќе ве послужат со кафе за време на работниот разговор нудат скапи пијалоци или колачиња, а преговорите ги завршуваат во ресторан познат по одлична кујна.

* 3. Анкетата спроведена на илјадници брачни двојки укажува на заклучок дека Биковите се подготвени најдолго да чекаат лицето на кое му се додворуваат да им возврати љубов. Астролошкото објаснување на тој феномен е трпеливоста и посветеноста на Бикот.

* 4. Истражувањата во кои се користени снимки од Холивудските забави покажуваат дека Биковите почесто отколку другите знаци саканата личност посесивно ја држат околу половината при запознавање или при влегување во сала, постојано ја следат во чекор и се муртат ако танцува со некој друг.

* 5. Кога се интересираат за некое хоби, Биковите најчесто се посветени на одгледување на коњи, пчели или цвеќиња. Меѓу нив е завиден број колекционари на вредни слики и ретки поштенски марки.

* 6. Најмногу сакаат да доаѓаат на работа пред почетокот на работното време за да пијат кафе во тишина и да планираат детален работен ден. Причината за ова е јасна. Тие не толерираат паника и нервоза и кога некој ги брза или ги прекинува во работа.

* 7. Тие немаат високо мислење за луѓе кои користат евтини мириси, кои носат облека од вештачки материјали или кои живеат во домови чија архитектура и внатрешен дизајн одаваат лош вкус.

Продолжува на страна 4