Следниве драматични слики покажуваат како мајка на шест деца своето најмладо дете го родила во ходникот во една болница, затоа што кога пристигнала било премногу доцна за да стигне до креветот.
Џесика Хоган, која живее Рајли, Канзас, го роди нејзиниот единствен син Максим, нејзиното петто дете во јули минатата година. Таа ја раскажа нејзината неверојатна приказна во видео, составено од фотографиите направени за време на породувањето.
Мајката, која родила во болницата Виа Кристи во Менхетен, Канзас, имала контракции неколку дена пред да се роди Макс. Таа и нејзиниот сопруг Тревис дури и отишле во болница, но се вратиле дома.
Мајката го родила бебете на влезот во собата за итни случаи во 3:38 рано утрото, само неколку минути откако влегле во болницата. Медицинските сестри веднаш се стрчале да и помогнат на мајката во породувањето.
Ова беше моето најлудо, но и најубаво породување. Не беше воопшто како што јас планирав, но, за среќа, заврши без никаква интервенција. Благодарение на луѓето кои беа покрај нас, родив здраво и прекрасно бебе. Овој момент нема никогаш да го заборавам – изјави Џесика.
На фотографиите можеме да го забележиме Макс, заедно со своите пет сестри.