Почина Мите Грозданов

1347

Ноќеска почина Мите Грозданов, македонски театарски, филмски и телевизиски актер

Мите Грозданов е роден на 14 декември 1943 во Струмица.

По дипломирањето на Театарската академија во Белград, станал дел од Драмскиот театар Скопје, а една година подоцна, во 1968 година, добитник е на највисокото театарско признание во поранешна Југославија „Златен ловоров венец“ за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле.

Во својата театарска дејност се истакнал со мошне сензибилна фактура, залагајќи се секогаш со максимална лична креативност и сценска еластичност. Своевремено, своите режисерски амбиции ги остваруваше со драмските аматери на КУД „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.

Од декември 2008 е пензионер, после деценискиот работен век во Драмскиот театар во Скопје. Еден од неговите најзначајни проекти е режирањето на претставата “Стрниште затвор за жени”, во која што главната улога ја игра актерката Николина Василевска а во неа се појавува и доајенот на македонското глумиште Соња Каранџуловска.

По еден таков актерски опус, наградите се неизбежни:

  • 1968 година „Златен Ловорев венец“ на Фестивал на Мали и експериментални сцени во Сараево (МЕСС) за насловната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле
  • Награда „Млад Борец“
  • Награда на Театарски игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за улогите
    Светозар во „Карамазови“ и Иљо Малешевски во „Сенката“
  • Сребрена плакета на Фестивалот на монодрамата за улогата во „Дрво на ридот“
    1984 година бил прогласен за актер на годината според ревијата „Екран“