ЕСА спроведува интересен експеримент кој навистина може да ги задоволи астронаутите и нивните непца за вкус

833

Замислете астронаути кои наместо постојано да консумираат рехидрирана храна, можат да јадат нешто пржено, да речеме помфрит?

Како функционираат некои вообичаени работи на Земјата во вселената?

Ова е прашање на кое научниците со години се обидуваат да најдат одговор. Од едноставни работи како да спиете или јадете во бестежинска состојба, до одгледување и подготовка на храна.

Добро е познато дека оброците се специјално дизајнирани и подготвени за астронаутите кои престојуваат на Меѓународната вселенска станица, така што тие се јадливи, здрави и задоволувачки со разновидност. Сепак, тоа се претежно рехидрирани оброци, а не свежо подготвена храна.

Па што ако астронаутите би можеле сами да си подготват храна во вселената?

ЕСА се впушти во такво нешто необично истражување. Имено, тие предлагаат методи на пржење во микрогравитација со цел да се пополнат празнините во знаењето за пржењето храна кои постојат на Земјата, а секако и во вселената.

Прашајте кој било готвач и тој ќе потврди дека физиката и хемијата зад храната се сложена и фасцинантна тема која се протега и во други научни дисциплини, вели Thodoris Karapantsios, член на истражувачкиот тим и професор на Greek Aristotle University in Thessaloniki.

За да се проучи како микрогравитацијата влијае на техниките за готвење, како што е пржењето, дизајниран e нов експериментален апарат за пржење така да биде безбеден додека работи во услови на микрогравитација.

Беа спроведени експерименти на два лета на параболични авиони на ЕСА, каде што се рекреирани кратки моменти на бестежинска состојба. Процесот на пржење е снимен со помош на камера со голема брзина и висока резолуција за да се сними динамиката на меурчињата, мерењата на температурата и други параметри. Студијата поврзана со ова објавена е во списанието Food Research International.

Меурчиња на пареа од пржење во микрогравитација

Истражувачите од University of Thessaloniki откриле дека меурчињата од пареата лесно се одвојуваат од површината на компирот во услови на ниска гравитација, слично на она што се случува на Земјата.

Иако се потребни дополнителни истражувања за фино прилагодување на одредени параметри, овие наоди сугерираат дека астронаутите би можеле да имаат многу повеќе од само рехидрирана храна за време на истражувањето на вселената.

John Lioumbas од истражувачкиот тим ги нагласува пошироките импликации од проучувањето на пржењето во вселената.

Покрај исхраната и удобноста, може да се постигне и напредок во областите како што се традиционалните техники за готвење и соларното производство на водород во микрогравитација, забележува Lioumbas.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Бонус видео