Воз влегол во тунел во Ломбардија, а патниците пронајдени во Мексико | Мистерија која трае 109 години | Видео

547

Возот е виден уште неколку пати на различни дестинации и во различни временски периоди.

На 14 јуни 1911 година, компанијата „Зенети“ им понуди бесплатно возења на богатите Италијанци како дел од нивната рекламна кампања, во која го претставија новиот воз. 106 патници уживале во возењето, гледајќи во прекрасните пејсажи на Италија, а особено се радувале и со нетрпение очекувале да поминат низ новоизградениот тунел, еден од најдолгите и најголемите во тоа време.

Од тој момент започнува мистеријата.

Возот влегол во тунел во Ломбардија, но никогаш не го напуштил. Работниците и полицијата го пребарувале секој сантиметар од тунелот и не нашле ништо.

Возот немало каде да оди освен да излезе од другата страна. Но, немало траги од несреќа. Сепак, двајца патници се пронајдени, тие скокнале низ прозорец непосредно пред возот да влезе во тунелот.

– Слушнав пригушен шум и во еден момент видов бел чад што буквално го проголта целиот воз. Беше толку страшно што се испаничив и скокнав низ прозорецот. Видов уште едно лице кое скокна по мене – раскажал еден од преживеаните. Човекот извесно време по тој настан страдал од несоница и трауми.

За време на Втората светска војна, овој тунел беше бомбардиран и затворен засекогаш. Никој не можел да го објасни овој неверојатен феномен.

Имало дури и сведоци кои велеле дека виделе како возот влегува во тунелот и не излегува надвор. Во неколку написи се вели дека патниците на возот биле видени во Мексико.

Психијатар во локална болница тврдил дека 104 Италијанци биле примени во „хистерична состојба“.

Дека сите биле облечени во чудна облека, тврдејќи дека патувале од Рим. Еден од патниците, наводно, имал цигари на кои го напишал датумот 1907 година. За кутиите цигари се тврди дека сè уште се чува во мексиканскиот музеј. Нема конкретни докази за овој случај во Мексико, ниту е познато што се случило со пациентите.

На 29 октомври 1955 година, наводно се појавиле три вагони во едно село во Украина. Пјотр Устименко, железнички работник, тврди дека тие биле нечујни. А описот на возот што тој го дал одговарал на возот „Зенети”. Возот, со цврсто затворени ролетни, отворени врати и празна возачка кабина се движел сосема бесчујно.

Возот е виден неколку пати на различни дестинации и во различни временски периоди.

Дури и денес, луѓето не престануваат да го истражуваат чудниот феномен на возот „Зенети“.

Останува мистерија фактот што од Рим до Мексико има 10,234 километри, а возот морал да мине низ многу мориња и океани. Остануваат многу прашања неодговорни до денешен ден.