СКОРПИЈА
* 1. Ако сте љубители на црн хумор, побарајте ДРУШТВО НА Скорпија. Луѓето кои ги познаваат, велат дека со нив е многу забавно, а најмногу уживаат во нивните луцидни провокации и духовити досетки, кои пукаат во суштината на проблемот.
* 2. Според искуството од САД, неуспешните фабрики имаат најмногу шанси за закрепнување, доколку се во рацете на професионалните Скорпии. Тие се мајстори во сите работи кои бараат реконструкција, реорганизација, потрага по нови патишта.
* 3. Според американските извори, тие се кралеви на берзата. За оваа способност тие можат да се заблагодарат на својата извонредна интуиција и потребата да ги победуваат другите. Понекогаш во тоа ќе ги надминат само тврдокорните Јарци или адаптибилните Близнаци.
* 4. Пациентите родени во овој знак најлесно се опоравуваат од траума и шокови. Влијанието на судбината се перцепира како еден вид на тест кој треба да се положи со подобар резултат, а проблемите им даваат дополнителна сила.
* 5. скорпиите како и Овните се склони кон неконтролирани испади на гнев. Во тоа ќе се убедите, ако почнете да ги анализирате пред другите или ако им поставите премногу интимни прашања.
* 6. Тие се во својот елемент само кога ќе падне ноќта. Нивната концентрација е најсилна околу полноќ, така што тие лесно учат и работат кога другите спијат.
* 7. Повеќе од другите знаци сакаат да покажат видливи нападни тетоважи по целото тело, повеќекратно дупнати уши, а жените Скорпии сакаат да носат накит на носот или папокот.
Продолжува на страна 10