ЈАРЕЦ
* 1. Луѓето во знакот на Јарец спаѓаат во групата која купува скапи брендови. Истражувањата покажале дека тие не се страстни потрошувачи и дека ги купуваат само неопходните работи, при што основни критериуми им се квалитетот и трајноста на производите.
* 2. Дека некои уверувања за нив треба да се преиспитаат, сведочи и податокот дека тие не се заложуваат за брачна верност до тој степен до кој тоа се смета. Со годините стануваат порелаксирани и повесели, и поради тоа се склони на понекој вонбрачен излет.
* 3. Жените, генерално идеалниот сопруг го замислуваат како одговорен, доверлив и лојален маж. Со оглед на тоа дека станува збор за одлики на мажи родени во знакот на Јарец, произлегува дека тие се високо на скалилото на посакуваните мажи.
* 4. Токму во овој знак се родени многу истакнати музичари, особено гитаристи. Овој податок оди во прилог на мислењето дека тие се посензибилни отколку што обично се смета. Исто така, постои и рекорден број на Јарци – комичари.
* 5. Една од нивните омилени разоноди е шахот, игра која го вежба мозокот и ја развива комбинаториката. Така тие ја учат стратегијата на делување која ја применуваат и на работа.
* 6. Најголемиот број луѓе родени во овој знак заземаат водечка позиција, во 100-те најголеми банки во САД.
* 7. Работниот ден на Јарецот често трае до доцна во ноќта. Истражувањата извршени во американските корпорации и банки покажуваат дека тие најчесто се бричат и се пресвлекуваат во нивните компании.
Продолжува на страна 12