Малку жени се од среќниците кои не доживуваат какви и да е мачнини или моментални болки (или доживуваат минимални) за време на менструацијата.
Поголем дел од дамите знаат дека овој период од месеци е поврзан со болка и непријатност, кои понекогаш не би ги посакале и на својот најголем непријател.
За да ги ублажите непријатните несакани ефекти од менструацијата, ви нудиме да фрлите едно око на прирачникот за “преживување” и ако ја имате таа можност, да ги следите советите во него. Ќе ви бидат од корист!
Пробајте неколку пози од јогата
Вежбите сигурно се последните работи кои би сакале да го правите додека сте болни или имате болки. Неколку едноставни пози од јогата, сепак можат да ви помогнат да ги ублажите менструалната болка и неудобност. Легнете на грб и исправете ги нозете, со тоа што ќе ги потпрете во ѕидот – на овој начин најефикасно ќе се борите со болката.
Ставете крај на мозолчињата
Ако малку пред циклусот на кожата ви се појавуваат мозолчиња, а таа самата станува мрсна, вие може да се погрижите и за овој проблем. Доволно е да купите пена за чистење на лицето, која ќе ја користите редовно. Според дерматолозите и пилингот исто така може да помогне.
Изберетее вистинска храна
Може да ја победите надуеноста со пиењето на многу вода. Освен тоа треба да се откажете од производите со висока содржина на натриум, а наместо нив нагласувајте на храна со висока содржина на витамини Б1 и Б2 (житарки) – на овој начин ќе ги смирите вашите грчеви.
Како бонус јаглехидратите ќе ги зголемат вашите нивоа на серотонин, што ќе го подобри вашето расположение. Јогуртот и темно чоколадо (за оние кои имаат потреба од нешто слатко) исто се прифатливи за овој период од месецот, но сепак стремете се да ги избегнувате.
Земајте ги вистинските лекови
Нестероидните антиинфламатори се најпогодни за ублажување на менструалните симптоми, советува професор Мери Џејн Минкин. Овие лекови го блокираат производството на повеќе простагландини во телото – хемиски материи кои се лачат за време на циклус, кои достигнуваат до мазните мускули во матката и кои се причината за грчеви и во некои случаи – за пролив.
Важно е сепак да земете лекови порано, советуваат експертите. Ако пак имате чувствителен стомак – комбинирајте ја пилулата со храна или чаша млеко.



















