Мирисите се насекаде околу нас. Некои нè потсетуваат за убави моменти, други ни помагаат да го заборавиме напорното секојдневие, а трети ни предиспонираат кон многу сензуални моменти со најблиските.
Сите сме слушнале за моќта на ароматерапијата, но ретко втората мисла е дека во домот или канцеларијата, таа може да ни помогне да се чувствуваме подобро. Затоа споделуваме неколку прекрасни ароми, кои се погодни за вашите моменти на релаксација.
Лаванда
Солите за капење или етеричното масло кое може да го додавате а лосионот за тело и миризливата свеќа, може да ви помогнат да се релаксираат тензиите на крајот на денот.
Лавандата е анти-стрес мирис, кој ги смирува тензиите, ја намалува главоболката, релаксира.
Овој мирис е погоден за навечер, но може да му се ужива и во канцеларијата кога се чувствувате напнати.
Ванила
Мирисот на ванила е симпатичен и на многу луѓе им е омилен. За него велат дека ја буди желбата за љубов. Освен како афродизијак, ванилиниот мирис може да се користи како подобрувач на расположението.
Затоа секогаш додавајте етерично масло од ванила кон кадата, туш гелот и се разбира во спалната и особено, ако сакате да се масирате со партнерот.
Етерично масло од маточина
Маслото од маточина, докажано има голем број на бенефиции за здравјето и една од нив е дека го намалува стресот. Според некои истражувања, мирисот дава позитивни резултати и кај пациенти кои страдаат од Алцхајмерова болест.
Кога сакате да се чувствувате подобро, за време на настинки, за промовирање на доброто расположение, секогаш додавајте мирис на маточина во домот.
Цимет
Циметот е омилен мирис, особено во зимските денови, кога можеме да го комбинираме со портокал. Кога сакате да го подобрите расположението, да ја зголемите желбата за љубов и да се чувствувате одморени, наполнети со нови сили, секогаш потпирајте се на циметот.
Додадете од ова етерично масло во кадата, кон кремовите за тело, мирисните лампи.
Лимон
Наутро имаме потреба од чаша кафе или чај, за да се разбудиме брзо. Мирисот на агруми има магична моќ во утринските часови. Лимон, цитрон или грејпфрут, сите тие ќе ви помогнат да го започнете денот со расположение, еве зошто е убаво да ги додадете во туш геловите, лосиони за тело.
Покрај тоа што ќе ве разбудат, етеричните цитрусови масла ќе го намалат и непријатниот целулит.



















