Две монахињи се вратиле бремени од мисионерско патување. И двете служеле на Сицилија, потекнуваат од Африка, а едната дури била главна медицинска сестра.
Таа е по потекло од Мадагаскар и се грижела за стари лица. Од патувањето се вратила бремена еден месец.
Друга жена има 34 години и заврши во болница поради силни болки во стомакот, па лекарите утврдија дека е бремена.
Потоа ја испратиле до еден манастир во близина на Неброди во Палермо.
Не е познато кои се татковците. Таблоидот Сан се повикува на извор од Рим, кој вели дека и двете монахињи биле во нивните куќи и дека имале сексуални односи таму.
И двете ќе мора да го напуштат животот во манастирите. “Покрената е истрага. Тие ја прекршиле заповедта, но сега благосостојбата на нивните деца е приоритет”, вели изворот.