БЛИЗНАЦИ
* 1. Близнаците се господари на комуникацијата, па ќе почнат да комуницираат побрзо од другите знаци на јазикот на земјата во која се нашле. Течно зборуваат неколку јазици, а исто така се сметаат за одлични преведувачи.
* 2. На психолошките тестови за хумор Близнаците постигнуваат одлични резултати. Тие се “банки” на шеги и досетки. Баналните ситуации умеат да ги прераскажат така што слушателите “умираат од смеа”, па нивното присуство на забавите е синоним за успешна вечер.
* 3. Ако заклучат дека имаат повеќе корист од занимавање со некое хоби отколку од нивната професионална определба, ќе бидат целосно посветени без жалење. Повеќето од нив се во групата кои постигнале многу во работата која во почетокот била сметана за привремена.
* 4. Истражувањата покажуваат дека близнаците се најчести во групата на оние кои во подоцнежните години го задржуват младешкиот изглед и стил на облекување или носат смели тонови и модни додатоци кои се во тренд.
* 5. Ним никогаш не им е доволно од љубов, за што сведочи податок дека се венчаваат во домовите за стари лица повеќе од припадниците на другите знаци. Ниту неколку промашени бракови за нив не се причина уште еднаш да изговорат судбоносно “да”.
*6. Решавање на загатки и учество во квизови се омилена забава на Близнаците. Според една американска студија, далеку најголем процент на победници на различни квиз-натпревари се роден во овој знак.
*7. Тие се меѓу најредовните пациенти во клиниките на психолозите и психијатрите специјализирани за лечење фобија предизвикана од пожар, висина или затворен простор.
Продолжува на страна 5