Кога нутриционист ќе забие автогол
Нутриционистот на еден добро познат спортски клуб ја советувал младата генерација на спортисти дека мора да консумираат доволно млеко и портокали. Резултатот е што поголем дел од тимот имал проблеми со варењето, во играта и на тренинг не можеле да го дадат најдоброто од себе, а двајца играчи завршиле и на операција на слепото црево. Тука се случила елементарна грешка во нутриционистичката информација.
Најголем број од спортистите, особено врвните, се од крвната група “0”, па ако на овие луѓе им сугерирате млеко, а нивниот гастроинтестиналниот тракт нема ензими за негово варење, тоа значи дека сте го, давајќи му инаку здрава намирница, донеле во болна состојба. Портокалот пак содржи putresin, кој крвните групи “0” и “А” не можат да го сварат, а крвната група “Б” вообичаено добро ги прифаќа двете намирници, а млекото многу добро, и тоа во поголеми количини. Што за некого е лек, за другиот е отров.
Дали знаете?
Не можеме сите сѐ да јадеме, ниту пак сите јадејќи го истиот прехранбен производ можеме подеднакво да дејствуваме на киселата рамнотежа на организмот
Инфо
- Оброците според вашата крвна група ја почитува вашата индивидуалност, здравјето и личноста, го решаваат вашиот хроничен замор и незадоволство, го одржуваат здравјето, спречуваат болести и обезбедуваат долговечност.
- Дури 70% од луѓето во светот не поднесуваат млеко, велат истражувањата. Информацијата е точна бидејќи 70% од луѓето во светот се со крвната група 0 или А, кои по фазата на доење немаат “вградени алатки” за да го трансформираат млекото во структуралниот концепт на својот организам.
Крвна група А – Вегетаријанство им е “во крвта”
Крвна група Б – млеко ДA, глутен НЕ
Крвна група AB на риба и зеленчук
Крвна група 0 – некогаш ловци, денес месојади
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















