Откриен е несакан ефект на Ozempic, лек за дијабетичари кој многумина го користат за слабеење

798

Американските власти ќе стават ново предупредување за Ozempic, лек за дијабетес кој стана познат откако многумина почнале да го користат како средство за слабеење.

Американската Администрација за храна и лекови (FDA) ќе стави ново предупредување за Ozempic, лек за дијабетес кој стана познат откако многумина почнаа да го користат како средство за слабеење.

Имено, Агенцијата тврди дека лекот може да предизвика илеус, односно потенцијално фатално запирање на дигестивниот систем.

Иако ретко, илеусот може да доведе до оштетување на ткивото на цревата и истекување на гастрична течност во телото.

Лекарите истакнуваат дека стапката на смртност кај илеус е 10 проценти, а нуспојавата на Ozempic може да биде затоа што овој лек го забавува движењето на храната низ дигестивниот систем, поради што луѓето се чувствуваат сити подолго време.

За време на нормалниот дигестивен процес, цревата постојано се собираат за да ја туркаат храната напред. Меѓутоа, ако некое лице има илеус, оваа контракција ќе биде прекината или забавена, зголемувајќи го ризикот од блокада.

Симптомите на оваа болест вклучуваат абдоминален оток, надуеност, запек, дијареа и повраќање.

Портпаролката на Novo Nordiskк, која го произведува лекот, рече дека Ozempic сè уште безбеден за употреба.

Novo Nordisk е уверен во безбедноста и ефикасноста на Ozempic и сите наши лекови, под услов да се користат во согласност со упатствата на етикетата, истакна таа.