Првата линија на одбрана
Хипократ учел дека здравјето на организмот започнува од здрав гастроинтестинален систем и дека не можете да бидете здрави ако почетната точка на пристигнување на храна во организмот не ја доведете во ред. Првиот и најлесниот чекор се пробиотиците (јогурт, кефир), кои дејствуваат врз здравјето и рамнотежата на добрите и лошите бактерии во цревата, а одговараат на сите крвни групи, бидејќи припаѓаат на ферментирани млечни производи и не содржат, за многумина проблематична, лактоза.
Се разбира, ништо нема да ви се случи ако понекогаш јадете некоја погрешна намирница, но факт е дека сами го одредувате своето ниво на телесната форма и здравјето. Ако се слушате себеси и сигналите на вашето тело, тоа ќе ви помогне здраво да се храните, здраво да живеете и добро да се чувствувате. Хемоглобинот памети 120 до 140 дена сѐ што сте јаделе или пиеле во тој период, било тоа добро или лошо, а црниот дроб е уште поголемо злопамтило.
Клучот на автоимуните болести
Лектините се протеини од намирниците кои играат важна и посебна улога во секоја крвна група. Со конзумирање на намирници чии лектини не одговараат на вашата крвна група, предизвикувате потешкотии во варењето, а со нарушување на метаболизмот го активирате имунолошкиот систем, кој реагира со производство на антитела во служба на заштита. Бројните автоимуни болести и воспалителни процеси се поврзани со внесување низ храна во организмот на непријателските лектини. Најчестите болести кои ги предизвикуваат се: ревматоиден артритис, фибромијалгија (широкораспространета болка), кронова болест (хронично воспалителен процес на тенкото црево), целијачна болест (неподносливост на организмот на глутен), нервозно дебело црево, нефропатија (болести на бубрезите), лупус (хронична автоимуна болест во која имунолошкиот систем на телото станува хиперактивен и напаѓа нормално, здраво ткиво)… Меѓу нив, треба да се нагласи лектинот од пченица, познат како аглутинација на пченични никулци (wheat germ agglutinin), кој преставува проблем за голем број луѓе, а особено за крвната група “О”.
Тргајќи од Хипократовиот принцип дека храната е лек, логички гледано, животната филозофија е да се занимаваме со здравјето, а не со болеста, следејќи ги овие препораки:
- превентива, а не лекување
- здравјето на духот и телото е во единството
- бидете здрави за да бидете хедонист
- вдишете го животот со полни гради, и не дозволувајте да ве дувне
- здравото смеење и доброто друштво никој не може да го купи
- со менување на навиките за јадење, го менувате начинот на живеење
- природата нѝ даде сѐ, само треба да се анализира, открие и примени
- животот и здравјето немаат цена ниту алтернатива
- секогаш споделете го советот и знаењето со другите и не барајте во сѐ профит
- дознајте која е вашата крвна група и тргнете по патот на здравјето
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 3



















