Дигиталните вештини на иднината

2451
На фотографијата е Laura Steponavičiute. Фото Flickr Friends of Europe

Учениците, наставниците и стопанствениците сметаат дека актуелниот образовен модел треба да се промени во насока која го следи развојот на новите технологии, беше истакнато на средбата организирана од страна на Пријателите на Европа и Googlе на која е претставено истражувањето за дигиталната писменост во образованите системи.

Публика на конференцијата “Дигитални вештини на иднината”. Фото: Flickr/Friends of Europe

Според истражувањето спроведено од страна на The Economist’s Intelligence Unit (EUI), помалку од половина на возраст под 25 смета дека образовниот систем ги учи само она што им е потребно за да се успее, додека 51% од претприемачите мислат дека недостатокот на потребните вештини го попречува нивниот бизнис.

Претприемачите сметаат дека им се потребни луѓе кои знаат како да ги решаваат проблемите, добро соработуваат заедно во тимовите и имаат комуникациски вештини, а оние кои се под 25 години предвидуваат дека во иднина ќе им треба повеќе дигиталната писменост, креативност и претприемачки вештини. Но, 49% од професорите тврдат дека тие немаат време да ги вметнат “вештините на 21 век” во своите предавања, поради програмата. Една третина од нив смета дека за тоа им недостасува и потребна обука.

Истражувањето на EUI кое го водела Ирина Миа укажува на фактот дека образовните системи не можат да се справат со темпото на технолошките промени. “Време е да овозможиме развој на вештини кои ќе се справат со идните предизвици наместо да даваат одговори стари 20 години”, рече таа на конференцијата Digital Skills for the Future, која се одржала кон крајот на минатата година во Брисел, во организација на “think tank”, Пријатели на Европа и Google.

Дигитални вештини

Младите испитаници се во право кога даваат приоритет на дигиталната писменост, бидејќи информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) создаваат околу 150.000 работни места секоја година, е оценето на конференцијата. И покрај фактот дека во Европа, во моментов, невработени се 22 милиони луѓе, од кои 4,5 милиони на возраст под 25 години, работодавците не можат да најдат работници со вештини кои тие ги бараат. Европската комисија прогнозира дека во овие технологии од 2020 година ќе бидат речиси еден милион непополнети работни места.

Продолжува на страна 2