
Тоа е причината зошто повеќето од земјите членки на ЕУ воведоа учење на компјутерско програмирање во својата наставна програма, бидејќи Министерствата за образование сфатиле дека компјутерските вештини се од суштинско значење за развој на “вештините на 21 век”.
Според Eurofound, агенцијата на ЕУ која се занимава со условите за работа, компјутерското програмирање е едно од најбрзо растечките области на ИКТ и во него се отвораат многу добро платени работни места. Рене Тристан Лидиксен, извршен директор на фондацијата LEGO Education Europe, смета дека училиштата на тоа треба да бидат подготвени. “Верувам дека децата на шест годишната возраст треба да научат како да кодираат алгоритам”, рече Лидиксен и додаде дека треба да се охрабрат наставниците да “поучуваат потешки работи, како што е кодирањето.”
Со неговите коментари се согласи и Дејвид Мине, раководител на ИКТ во едно белгиско основно училиште во кое учениците од шесто одделение користат chat и видео конференции за да работат на заеднички проекти, а учениците помлади од нив програмираат со помош на онлајн платформата Scratch каде што можат да создаваат интерактивни приказни, игри и анимации.
Но, не само училиштата се места каде што може да се учи. Учениците и сами стекнуваат знаења кои им се потребни. Според истражувањето EIU, само 58% од оние на возраст помеѓу 18 и 25 години сметаат дека образовните институции учат на дигиталната писменост, но 80% сметаат дека ја поседуваат. “Дури и ако образованието нѐ учи на вештини кои се потребни, учениците ги добиваат од други извори”, рече Ирина Миа.
Конечно, се работи за образование на наставниците за кои често е невозможно да ја следат брзината на промена. 85% од нив сметаат дека технолошкиот напредок го сменил начинот на кој ги држат предавањата, а 58% сметаат дека учениците подобро ја разбираат технологијата од нив.
Продолжува на страна 3


















