
Освен дигиталната писменост, постои голема потреба да се развијат вештини за решавање на проблеми, тимска работа и комуникација. Wojcicki смета дека причина за тоа е тоа што учениците денес немаат потребни вештини и дека многу ретко им се дава можност да размислуваат сами. “Најтешко од сѐ им е да дојдат до идејата, бидејќи се навикнати цело време да ми се кажува што да прават”, рече таа. “Тие сакаат да им кажеме што да направат за да добијат најдобра оценка”, додаде таа.
Lydiksen од Лего стави акцент на “учење преку забава, која помага да се усвои материјалот.”
Не треба да се криеме зад технологијата, рече Роуз Тамсин од Пријателите на Европа. “Технологијата не е лек за лоша настава”, рече Роуз. Додека 40% од средношколците сакаат повеќе предавања во кои тие ќе ја користат технологијата, во Google веруваат дека технологијата не е цел сама по себе, и укажуваат на фактот дека во Велика Британија пред десет години како голема иновација се воведени интерактивни табли, но дека тие никогаш не заживеале.
“Дигиталните вештини се дел од општото образование и не треба да се учат како нешто одделно”, се согласила Миа.
Според Џозеф Бертемс од Министерството за образование на Луксембург, образовните системи треба да бидат помалку строги. Тој ги претстави четирите основи на луксембуршката иницијатива за дигитално описменување – подигање на свеста на младите за влијанието кое технологијата го има врз нивните животи, овозможувајќи слободен пристап до потребните апликации за сите ученици, создавање соработничка ” wiki / edusfere” со иновативни алатки за наставниците, како и создавање на “простор за создавање “, каде што учениците можат да работат и да учат од своите грешки.
Бертемес верува и дека училиштата играат важна улога во растурање на јазот меѓу богатите и сиромашните. “Има многу талентирани ученици кои не успеваат да развијат вештини, затоа што ги немаат потребните услови во земјата”, рече тој, заклучувајќи дека училиштето треба да ја преземат главната улога.
Lydiksen верува дека клучот е во планирањето и преземањето на иницијатива и дека не треба да се остави образованието во рацете на компаниите или локалните власти.
“Ние не знаеме кои ќе бидат идни предизвици, но ние знаеме дека на нашите деца треба да да им дадеме вештини кои ќе им помогнат да се справуваат со нив”, вели Миа, и заклучи дека “веќе не е работата во давање на одговорите туку во оспособување на младите луѓе да поставуваат прашања и самите да дојдат до решение.”
Како да го направат тоа? Со трансформирање на образовните системи со цел да им овозможи на наставниците да ја користат технологијата во училницата, со подобрување на инфраструктурата, соработката со вработените и поттикнување на учење во секое време и насекаде, заклучи Мине, се вели во извештајот на Пријателите на Европа од конференцијата.
hina.hr
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















