Знамињата и грбовите на поранешна Југославија | Мртва трка помеѓу БиХ и Македонија за најгрдо знаме

7702

3. СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 

Федералната држава Босна и Херцеговина (1945) станала Народна Република Босна и Херцеговина (1946), па конечно Социјалистичка Република Босна и Херцеговина (1963). Наместо што се занимавале со прашањето на иметоа на оваа сојузна единица, би било попаметно да разговараат за промена на своето знаме, бидејќи ова што постоело во текот на периодот на Југославија е благ ужас кој е во епски судир со добар вкус и естетика.

БиХ беше трета по големина, но и трета од позади по развој. Слично како и СР Хрватска, која секогаш била во знакот на бројот два, така СР БиХ  била во знакот на бројот три. Покрај наведеното, таа имала и три конститутивни народи: Срби, муслимани и Хрвати. Можеби би била повеќе развиена и со подобра судбина ако тогашните властодршци имале чувство на убавина, па да распишале конкурс за знаме кое би го инспирирало населението, наместо ова кое ги уби во поим.

Што се однесува до грбот, по војната се водела тешка дискусија за тоа како треба да изгледа, па поради тоа тој е единствен од сите грбови на југословенските републики без автор. Се предлагало во централното поле да бидат факели кој го држат три раце, па Јајце како симбол на континуитетот на босанско-херцеговската државност, бидејќи од него владееле босанските кралевин, а тука е и АВНОЈ, но конечно е избрано најлошото решение.

Официјален опис на крајот гласел: “Државниот грб на Народна Република Босна и Херцеговина претставува поле опкружено од лева страна со гранки од bijelogorica, а од десната страна со гранки на crnogorica, кои се долу поврзани со траки. Над врвот на гранките е црвена петкратна ѕвезда. Во полето над лентата се два фабрички оџаци, а во подножјето лежат два снопа жито. Во позадината се отсликува силуетата на градот Јајце”.

Меѓутоа, силуета на Јајце е речиси невидлива, и да го нема овој уставен член не би ни знаеле дека е таму. Според тоа: црвено знаме со минијатурно знаме на СФРЈ во горниот лев агол, и два фабрички оџаци на грбот. Навистина можеле и морале подобро од тоа. Ова не се симболи за кои вреди да се бориш и работиш.

4. СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА ЦРНА ГОРА

Продолжува на страна 4