
2. СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА
Втора по големина сојузна република, по Србија, втора по број на население, повторно по Србија, втора по развој, по Словенија, втора по западност, пак по Словенија – Народна па Социјалистичка Република Хрватска, секогаш била во знакот на бројот два. Поточно, покрај сево ова наведеново, таа била и Република на два конститутивни народи, на Хрватите и Србите.
Знамето црвено-бела-сина тробојка со југословенската црвена петкратна ѕвезда во средината, и сето она што веќе го имаме напишано за тоа важи и за понатаму. Всушност, како што наскоро ќе видите, промерот поставен на знамето на Југославија како целина пренесен е на, не само на знамињата на Словенија и на Хрватска, туку и на Србија и Црна Гора: иста петкратна ѕвезда со иста големина, со иста боја и исти нијанси на знамињата на сите четири републики, само со различен распоред.

Сликарот Вања Радауш е автор на грбот кој го следел вообичаениот формат, но се разбира, имал специфичност и посебност како и секој друг: на поле опкружен со два снопа житни класја и железна наковална на дното, разбранет е синоит Јадран и на него шаховницата зад која изгревало сонцето. На врвот, како круна, грбот имал црвена петкратна ѕвезда. Општо земено, извонредно решение: можеби дури и најдобро, иако со словенечкиот се бори за таа позиција.
3. СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
⇓
Продолжува на страна 3


















