Знамињата и грбовите на поранешна Југославија | Мртва трка помеѓу БиХ и Македонија за најгрдо знаме

7702

4. СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА ЦРНА ГОРА

Најмалата по површина и најмалата по број на жители република во СФР Југославија имала знаме кое, како што погоре спомнавме, доследно го следела моделот на југословенското знаме кое се манифестира и во случајот на Словенија и Хрватска. Всушност, знамињата на Република Црна Гора и Република Србија биле сосема идентични, црвено-сино-бела тробојка со југословенската црвена петкратна ѕвезда, па може да се каже дека овие две републики по тоа биле единствени (иако биле две).

Грбот бил различен. Неговиот автор е сликарот Мило Милуновиќ, а званичниот опис гласел: “Грбот на Социјалистичка Република Црна Гора претставува поле опкружено со ловоров венец кој долу е поврзан со црногорското знаме. Меѓу врвовите од ловоровиот венец е црвената петкратна ѕвезда, а во средината на полето претставен е Ловќен. Зад Ловќен со неколку криви е претставено Јадранското Море”.

Во првобитниот опис спомнувани се Његошевата капела, Уставот од 1963 година, но, тоа не значи дека изгледот на грбот е променет. Капелата е останата, и ќе остане сѐ до промена на визуелниот идентитет на земјата во 1994 година.

5. СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА СРБИЈА

Продолжува на страна 5