Ефикасен лек против Алцхајмерова болест

988

Досега медицината не беше открила доволно ефикасен механизам со кој ќе престане причината и основните деструктивни процеси, кои се случуваат во мозокот како последица на Алцхајмеровата болест.

Тоа е на пат да се промени засекогаш, благодарение на последното откритие на научниците од Колеџот за медицина во Бајлор, Тексас, и тексашката детска болница и Универзитетот за медицина “Џон Хопкинс”.

Според нив можна е превенција за лекување на Алцхајмерова болест преку директно таргетирање на токсичните протеини во мозокот.

“Сродни болести како Паркинсонова болест и деменцијата се во голема мера предизвикани од екстраординерна акумулација на одредени протеини во мозокот”, вели шефот на истражувањето д-р Худа Зогби, кој е професор по молекуларна и хумана генетика, како и по педијатриска неврологија во Бајлор .

“Некои протеини стануваат токсични кога се акумулираат и го прават мозокот ранлив кај дегенеративни процеси. Тау е еден од протеините поврзани со појавата на Алцхајмеровата и деменцијата. Затоа преку намалувањето на акумулациите и патологија предизвикана од него е можно наоѓање на лек“, коментира тој, за списанието ”Неврон“.

За да го стори тоа, истражувачкиот тим се фокусира на група ензими наречени киназа кои човечките клетки ги користат како природен регулатор на нивото на протеин. Преку инхибиција на ензимите, научниците откриле кои од нив предизвикуваат редукција на тау протеинот. Одговорот? Само еден – Нуак 1.

“Откривме ензим по име Нуак 1 чие потиснување доведе до последователно снижување на нивоата на тау и во човечките клетки, и во оние на овошните мушички”, соопшти Зогби, цитиран од “Форбс”.

“Го употребивме наученото, за да излечиме Алцхајмеровата болест кај глувци и надежите ни беа ослободени. Инхибицијата на Нуак 1 го подобри однесувањето на глувците и спречи мозочната дегенерација.”

Откритието претставува сосема нов поглед врз Алцхајмеровата болест, бидејќи во моментот истражувањата се фокусираа главно на потиснувањето или забавувањето на болеста во подоцнежна фаза. И ако појавата на слично пилула се покаже реална, тоа ќе биде огромен чекор напред во лекувањето на болеста, која е дел од животот на се повеќе и повеќе луѓе. Статистиката покажува дека 5,4 милиони Американци денес живеат со Алцхајмерова болест. Еден на секои девет лица на возраст над 65 години страда од оваа болест.